Кризниот штаб на општина Маврово и Ростуше апелира на строго почитување на мерките против Ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кризниот штаб на општина Маврово и Ростуше, со кој раководи градоначалникот Медат Куртовски, од денешната попладневна средба упати апел до жителите максимално да ги почитуваат мерките за заштита од опасниот вирус.

– Упатуваме апел до сите наши сограѓани, максимално да ги почитуваат мерките за заштита, а угостителските објекти строго да го почитуваат работното време. Во наредниот период ќе има засилени контроли, како на физичките лица, така и на правните субјекти за почитување на мерки за спречување на ширењето на вирусот, информираа од Кризниот штаб.

Додаваат дека за непочитување на протоколите за мерките за заштита, ќе се преземаат казнени мерки согласно законите.

– Носи маска, држи растојание, спаси живот. Доколку почувствувате каков било симптом на коронавирус јавете се веднаш во Здравствениот дом во Ростуше, апелираат од Кризниот штаб на општина Маврово и Ростуше.

Како што потврдуваат од штабот, во ова општина активни на болеста се девет а во самоизолација 21 лице.