Крум Ефремов ќе биде нов амбасадор во Софија – во тек се подготовките за неговото заминување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот Тимчо Муцунски потврди дека дипломатот Крум Ефремов ќе биде нов амбасадор на Македонија во Бугарија. Ефремов е професионален дипломат и актуелен директор на Директоратот за економска дипломатија при МНР. Тој во минатото ја извршувал и функцијата амбасадор на Македонија во Украина.

Муцунски посочи дека во моментов се во тек подготовките за неговото заминување во Софија. За кандидатот за нов амбасадор во Атина, министерот не сакаше да коментира, бидејќи постапката сè уште е класифицирана.