Ова е „индустриската улица“ во Тетово, веднаш до која се наоѓа основното училиште „Кирил и Методиј“. Секојдневно, стотици деца кои живеат во населбата „Вонвардарска“ го минуваат патот овде, но ниту патната сигнализација ниту пречките на патот не можат да ги спречат сообраќајни несреќи.
Градоначалникот на општина Тетово Биљал Касами во ноември 2023 година најави изградба на два кружни тека со цел да се намали брзината на возење. Според најавите, работите требаше да почнат пролетта.
-За еден од овие кружни текови веќе имаме ветување за донација од приватна фирма, а другиот секако ќе го изградиме со општински средства. Значи, за овие два кружни тека сме во фаза на изнаоѓање урбанистичко решение како и сообраќајно решение, за потоа да продолжи да се спроведува-рече Касами.
На прашањето зошто не е одржано ветувањето, Касами рече дека причината е недавањето дозвола од Дирекцијата за државни патишта и МЕПСО. Според него, сега има ново раководство и ова прашање брзо ќе се реши.
„Сега сме во поинаква ситуација, тоа е еден од случаите кога имавме пречки од централните институции за инфраструктурни проекти, таму да почнат работите и една од институциите што требаше да ја добиеме е МЕПСО, која не можевме да ја преземеме а сега со новото раководство, верувам дека ќе продолжиме со работите на кружните текови. Повторувам, има и други места, едното е канализацијата или подвозникот во населба Дарданија до подвозникот во село Фалише.“, рече Касами.
Често на индустрискиот пат се случуваат несреќи кои можат да завршат дури и со фатален исход. Над 300 ученици од ОУ „Кирил и Методиј“ доаѓаат од населбата „Вонвардарска“ и се принудени да минуваат по овој пат најмалку два пати дневно. Исто така, луѓето кои одат во “ џамијата на младите“ го поминуваат патот најмалку 5 пати на ден, ризикувајќи ги своите животи од автомобили кои се движат со голема брзина.
Пред 3 години жителите протестираа барајќи зголемена безбедност на „индустрискиот пат“. Тогаш тие побараа поставување на пречки на патот, како и физичко одвојување на коловозот за да се избегне преминување на коловозот надвор од површините означени за пешаци. Беа распоредени лежечки полицајци додека физичката разделба не беше направена.
