КСС на протест пред Собрание против реформите на законите за администрација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

“Не за кршењето на законите и колективните договори, Да за почитување на гласот на работниците, Да за подобри плати, Да за достоинствен живот“.

Ова беше повикот на КСС на протест пред Собранието поради усвојувањето на проект законот за административните службеници, кој влезе во собраниска процедура.

Претседателот на КСС, Благоја Ралповски вели дека законот е штетен за работникот од секој аспект.

Ралповски рече дека со проект законот, на административците им се негираат основните работнички права, минимална плата како и непочитување на законот за минимална плата.

На поддршка на синдикалците дојде и група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, вчера рече дека владејачкото мнозинство не брза со скратена постапка да го помине проект законот за административците пред изборите, бидејќи на него се работело 7 години.