Австралиската полиција објави интересна фотографија на која се гледа како запреле возило марка „Мерцедес“. Ова не би било ништо чудно доколку зад воланот на возилото не седело куче.
„Не можевме да веруваме со своите очи и едноставно моравме да го сопреме и одблиску да го видиме. Ова ни го поправи денот“, рече Линда Гиблет.
Фотографијата беше објавена и на Фејсбук.
