КУД „Илинден“-Битола учествуваа во најдолгото оро на светот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Членови на културно уметничкото друштво „Илинден“-Битола деновиве учествуваа на светска Фолклоријадата во Русија и заиграа во најдолгото оро на светот.

На фолклоријадата има 2.700 учесници од 37 држави во светот, а репрезент на македонскиот фолклор се КУД „Илинден“-Битола.

-Најголемото оро на светот сруши два гинисови рекорди, еден според бројот на застапените националности и втор според бројот на држави учеснички, информираа од КУД „Илинден“-Битола.

Младите фолклористи од Битола настапија во официјалната програма на главната фестивалска сцена, а учествуваат и во придружните програми на светската Фолклоријада која завршува на 11 јули во Русија.