Кризата со водата за пиење во Гостивар од ден на ден се продлабочува, а високите температури дополнително им го отежнуваат животот на граѓаните.
Стравувајќи од можни инфекции, жителите целосно ја избегнуваат водата од чешмите и бараат алтернативни решенија на изворите во планинските села.
Анкета со граѓаните:
– За што ја користите?
– За автомобилот…
– Се бањате ли со оваа вода?
– Да, се бањаме.
– Значи, за садови, за лична хигиена…?
– Да, за тие работи да, за друго не.
– А за пиење земате ли од водата што ја делат институциите?
– Не, одиме и полниме вода на чешмите горе во планината.
– За што не треба?! За сè ни треба вода…
– Се снаоѓате ли?
– Ние да, но некој што нема можност не може да се снајде…
– Нормално дека е тешко. Без вода не се живее! Одиме во село, полниме вода и ја користиме таа селска вода.
Новинар: Ја користите ли за миење садови?
– Не! Водата ја носиме од селото. Се плашиме да не добиеме некоја инфекција, болницата е полна! Што ќе биде со ова? Мора многу работи да се подобрат, а корумпираните треба да завршат во затвор.
Од Јавното обвинителство велат дека надлежните органи веќе добиле зелено светло за преземање на неопходните мерки за чистење на водоводната мрежа. Од Општина Гостивар за ТВ21 информираат дека во текот на утрешниот ден ќе се одржи седница на Кризниот штаб, а воедно ги очекуваат препораките од Агенцијата за храна и ветеринарство за начинот на кој треба да се исчисти водоводниот систем.
