Курти: Имаше закани кон мене, видов многу полиција во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Косово, Албин Курти потврди дека имало закани кон него за време на неговиот престој во Скопје.

Според него, заканите дошле „од поединци и структури кои имаат корени од официјален Белград“.

Курти рече дека не се чувствувал загрозен, односно дека видел многу полициски сили кои се грижеле за безбедноста на состанокот на кој присуствувал.

„Научив дека има многу закани од поединци и структури кои имаат корени од официјален Белград. Но, кога дојдов овде од Скопје, не се чувствував загрозен, но видов дека има многу полициски сили кои се погрижија за оваа средба што ја одржавме во Скопје со овие социјалдемократски партии“, изјави Курти на новинарите.

Инаку, јавниот медиум РТК денеска објави дека на премиерот на Косово Албин Курти му се заканувале со убиство.