Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека целта е неговата земја да ги отвори продавниците на почетокот на мај.
Тој додаде дека рестораните, хотелите и училиштата ќе бидат затворени барем до средината на мај, но малите бизниси ќе можат да отворат веќе за 4-5 недели.
Курц истакна дека моменталните мерки ќе бидат продолжени до крајот на април, и апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките се со цел оваа пандемија порано да заврши.
