Аналитичарот Арбен Лала во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека министерот за култура има многу состаноци со дипломатите во иранската амбасада.
На ова реагираше Скендер Реџепи – Зејд од Алтернатива кој истакна дека Лала го заменува Мендух Тачи и порача дека таа информација не е точна.
„Едно време ги поврзуваше Албанците од Македонија со Турција, а сега се гледа дека не му иде добро со Турција. Ништо не ги врзува. Тоа е проект во рамки на културната институција“, нагласи Зејд.
