Пратеничката Благица Ласовска вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека крајно запрепастувачки се информациите за случајот со сомнителниот мазут.
Според неа, инволвираните треба да одговараат за геноцид.
„Сметам дека овие луѓе кои што тоа го правеле немаат буквално ништо човечко во себе и по мое скромно мислење, тие треба да одговараат за геноцид. Ова е геноцид врз здравјето на граѓаните“, вели Ласовска.
Таа истакна дека селективноста во донесувањето на одлука за мерка притвор и мерка на претпазливост е само уште една причина, тие како власт, да продолжат со борбата против криминалот и корупцијата.
„Имате еден определено мерка притвор, а другиот мерка на претпазливост и како очекувате граѓаните да имаат доверба во судот“, додава Ласовска.
