Љатифа, прва жена Ромка пратеничка – „Ќе бидам гласот на Ромите во Собранието“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Љатифа Шиковска е првата жена Ромка која ќе ги застапува Ромите во Собранието на Република Северна Македонија. Пред да биде избрана за пратеничка, таа била активистка за правата на ромската заедница, а била дел и од хуманитарни акции. Заедно со Љатифа ја посетивме општината Шутка, каде раскажа за елементарните недостатоци со кои се соочува оваа заедница.

Љатифа вели дека еден од главните проблеми со кои се соочуваат Ромите се административните институции, поради тоа што некои не знаат да говорат македонски јазик.

Љатифа ветува дека ќе биде гласот на Ромите во законодавниот дом и дека ќе се бори за нивните права.