Љатифи: Македонија се позиционира како регионален енергетски центар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, оценува дека Македонскиот енергетски форум во Скопје придонесува за позиционирање на државата како регионален центар за дијалог и енергетска соработка во Западен Балкан.

Во изјава за ТВ21, тој истакна дека Северна Македонија треба да ја искористи својата стратешка положба преку инвестиции во нови и постоечки енергетски врски со соседните земји.

„Веќе започна изградбата на интерконекцијата Северна Македонија – Албанија, а заедно со Косово аплициравме за статус на проект од заеднички интерес за новата интерконекција Тетово – Призрен. Интензивно работиме и со Грција за зајакнување на постоечката врска Битола – Мелити“, рече Љатифи.

Според него, овие проекти ќе придонесат за поголема енергетска стабилност и подобра регионална поврзаност.