Лавина затрупа железничка пруга во Швајцарија, воз излета од шините – неколку лица повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради лавина, возот излетал од шините во близина на швајцарското село Гопенштајн во кантонот Вале. Полицијата првично соопшти дека во несреќата се повредени неколку лица, јавуваат швајцарските медиуми.

Според соопштението, спасувачката акција е сè уште во тек.

Во моментот кога возот излетал од шините, според веб-страницата на Помона, имало околу 80 патници , објави швајцарскиот јавен сервис РТС.

Несреќата се случила околу 7 часот утрово во кантонот Вале, на југозападот од Швајцарија, објави полицијата на социјалната мрежа X.

Швајцарските федерални железници на својата веб-страница напишаа дека лавина е причина за несреќата. Сообраќајот е во прекин, и најверојатно ќе биде така до 16 часот попладне, а тоа ќе придонесе и за доцнења и откажувања на возовите.