Пристигна во Скопје во доцните часови на 29 ноември
.
Авионот на руската делегација, во која беше и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, слета на скопскиот аеродром по патувањето над турска и грчка територија, а не од Бугарија како што се очекуваше, бидејќи бугарските власти му дадоа дозвола само на Лавров и неговата делегација што го придружуваше, но не портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, која се појавува на списокот со санкции, во согласност со важечките закони на ЕУ.
На пистата на аеродромот излегоа од руската амбасада во Скопје да го пречекаат, можеби неколкуте што останаа без да бидат депортирани, вклучувајќи го и рускиот амбасадор во Северна Македонија, Баздникин.
После тоа, не се знае агендата на Лавров, дали отишол да ја посети амбасадата, или директно да спие во хотелот, по 5-часовниот лет, но едно е сигурно, дека не бил примен од никаков висок претставник на Владата на Северна Македонија, за разлика од неговиот американски колега Ентони Блинкен, кој беше на средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи и со премиерот Димитар Ковачевски.
Се крена голема прашина за доаѓањето на рускиот прв дипломат Сергеј Лавров во Скопје. Ова е негово прво учество на Министерскиот совет на ОБСЕ откако Русија ја започна инвазијата врз Украина. Во декември 2022 година, Полска одби да ја отвори воздушната линија за Лавров, чии средства се санкционирани од Европската унија. Но, зошто Скопје да го дозволи неговото доаѓање, кога и Северна Македонија се приклучи на санкциите против Русија?
„Во национално својство, како министер за надворешни работи на Македонија, во билатерални односи, се разбира дека не би дошол овде, бидејќи ги замрзнавме односите…“.
-Не би го ни поздравиле?
-Секако дека е така… но сега овде сме претседавачи со ОБСЕ и Руската Федерација е земја учесничка, учесник во организацијата со која претседаваме.
И така Лавров успеа да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ.
Во дворот на салата Борис Трајковски каде го чекаа новинарите, не застана да одговори на нивните прашања.
И пречекот од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се чинеше ладен, исто како и последниот ноемвриски ден, за разлика од другите пречеци, полни со насмевки.
Во салата се соочи со остри осуди од учесниците за руската агресија врз Украина, меѓу нив, и две земји соседи.
-Војната ја поткопа довербата, дијалогот и нашиот капацитет . Пред се го уништи животот на обичните луѓе, правото за слободен живот, тресејќи се од страв поради војната и тоа што таа го носи-рече Османи.
Лавров, пред своите министри колеги и други претставници, ги кажа позициите на Русија, критикувајќи ја политиката на Западот што ја уништи воено-политичката димензија на ОБСЕ.
-Во обид да ја уништат руската економија, САД и нивните европски сателити воведоа илјадници санкции кон Русија, ставајќи крај на обемната практична соработка меѓу Истокот и Западот во нашиот некогаш заеднички регион. Молдавија е следната жртва на хибридната војна на Западот против Русија.-изјави Лаворв.
Поради доаѓањето на рускиот шеф на дипломатијата, министрите на Украина, Естонија, Литванија, Летонија и Полска ја откажаа посетата на Скопје.
