Лажни СМС пораки во име на институции – Муслиу: Со вашите податоци хакерите можат да аплицираат за кредит

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сѐ уште не е решен проблемот со нападот врз системите на главните институции кои чуваат лични податоци и најдоверливи идентитетски информации за секој граѓанин. Фондот за здравствено осигурување веќе девет дена е мета на сајбер напад и поради тоа не може да ги извршува своите услуги како што треба. Од ФЗОРСМ, велат дека работат на проблемот, но дека не знаат кога ќе се реши. Како што објаснуваат, утврдиле дека податоците на граѓаните не протекле надвор од базите на Фондот.

-ФЗОРСМ ја известува јавноста дека функционалноста на системите постепено ќе се враќа во функција. Овој процес одзема дополнително време, но техничките тимови работат во континуитет“.

Освен тоа, непознат испраќач веќе неколку дена преку смс пораки, користејќи го логото на УЈП, се обидува да ги наведе граѓаните да споделуваат лични и податоци од дебитни и кредитни картички. Пораки се праќаат и во име на полицијата за споделување лични податоци. Од горенаведените институции апелираат граѓаните да не ги отвораат испратените линкови, да внимаваат и да не станат мета на измами. Ај-ти експертот Локман Муслиу ги предупредува граѓаните да бидат внимателни, бидејќи, како што вели, со овие податоци хакерите можат финансиски да им наштетат на различни начини.

-Со тие онлајн информации, тој може да направам многу работи, може да ве зачуди затоа што може да направи лоши работи. На пример случај што го знам е дека може да аплицира онлајн за кредит со твое име, презиме и матичен број. Мислам дека сите треба да бидат крајно внимателни, немојте да го споделувате вашето име, презиме и матичниот број со никого, освен ако тоа не е институција или и-меил адреса на која ѝ верувате. Дури јас би одел на опцијата овие информации да не се споделуваат ниту преку е-пошта, туку само преку официјални извори, односно преку формулари на тие институции или директно таму-вели Муслиу.

Муслиу вели дека нашите институции воопшто не се безбедни. Иако апсолутна безбедност не постои, во нашите институции ниту основната не е на потребното ниво, додава тој. ИТ експертот оценува дека Владата треба да преземе мерки против сајбер нападите, бидејќи како што предупредува, можеме да бидеме мета на уште поголеми вакви напади и да се случи како во Албанија – податоците на граѓаните да се споделуваат јавно.