ЛДП и ДОМ на локалните избори ќе одат самостојно, без коалиција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Маја Морачанин од ДОМ и Горан Милевски од ЛДП вечерва беа гости во ТВ21 на „Клик Плус“. Дебатиравме на различни теми, а една од нив беа и престојните локални избори кои треба да се одржат во октомври годинава.

И Морачанин и Милевски најавија дека ќе одат самостојно, без коалиција.

„Ќе настапиме самостојно на локалните избори, со свои листи, и тоа ДОМ ја има како конгресна одлука. Ние веќе сме започнати со подготовките за избори. Сметаме дека тоа е добар начин, секоја партија да си ја претстави својата програма“, рече Морачанин.

Милевски, пак, истакна дека сега се во фаза на носење на одлука, но негова желба е да настапат самостојно.

„ЛДП е во фаза на носење на одлука. Деновиве ги сумираме размислувањата на општинските оргнизации за да видиме колку листи можеме да направиме. Наша проценка можеме да направиме 50-60 листи. До средина на март овој процес. Мојата желба е да настапиме самостојно, бидејќи како партија мора да се промовирате кај граѓаните“, изјави Милевски.