Легендарниот голман Икер Касиљас завршил во болница откако почувствувал силна болка во градите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот голман на Реал Мадрид, Порто и на шпанската репрезентација, Икер Касиљас, повторно завршил во болница поради силна болка во градите.

Касиљас во 2019 година имаше срцев удар за време на тренинг на Порто, по што мораше да замине во пензија.

Сега наводно на 28 април повторно почувствувал болка во градите, откако играл падел тенис со другарите. Веднаш се упатил кон болница.

Му биле направени прегледи, со што е исклучена можноста за нов срцев удар, и веднаш бил пуштен на домашно лекување.