Легендарниот шкотски актер Сер Шон Конери почина на 90-годишна возраст.
Конери се прослави глумејќи во сериалот „Џејмс Бонд“ во истоимената улога.
Во текот на својата кариерата, Шон Конери освои бројни награди, меѓу кои и Оскарот во 1988 година и тоа за најдобра споредна улога во филмот „Недопирливи“.
Во 2000 година, Британската Кралица го прогласи за Витез, и ја доби наставката Сер.
Конери е роден во Единбург, Шкотска. На воената морнарица на Велика Британија се приклучил на 16 годишна возраст. Возел камион и такси, и бил спасувач на англиските плажи.
Глумачката кариера ја почнува во 1951 година и тоа во театар. Потоа се прославува со глумење на тајниот агент Џејмс Бонд кој го глумеше во пет продолженија на серијалот, а потоа по пауза се вратил и одглумил уште два филма.
Конери освен во познатите серијали на Бонд, глумеше и во познатиот филм „Индијана Џонс“ и „Лов на Црвениот Октомври“.
