Лекарите бараат зголемување на платите – во спротивно најавуваат протести и напуштање на јавното здравство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лекарите повторно излегуваат со барање за зголемување на платите. Во спротивно најавуваат протести и напуштање на јавното здравство. Ова во најавуваа од Синдикатот на Клинички на кому му се приклучува и докторски одбор. Пуштени се барањата уште во петокот лично до министерот за здравство, до Фондот, до финансовиот директор на Фондот Миле Сугарев и до ССМ и чекаме позитивен одговор вели Предраг Серафимовски од Синдикатот.

„Ние бараме со августовската плата да се изврши тоа усогласување со минималната. Доколку тоа не се реши пред покачувањето најавено во септември ние ќе почнеме да ги користиме сите законски акти и прописи, а тоа значи дека може да има приватни и колективни тужби до Фондот за здравство и до Министерство за здравство а во согласност со членството, во консултации со членството може да почнат и протестите“, вели Предраг Серафимовски.

Како што се најдоа пари за судиите и за функционерите така треба а се најдат пари и за лекарите, вели доктор Нико Беќаровски. Доколку не се исполнат барањата на лекарите тие ќе преминат во приватното здравство а младите лекари ќе заминат од државава.

„Ако се најдоа пари за судиите, би требало да се најдат и за функционерите секако би требало да се најдат пари и за здравство. Како што сме тргнати по овој пат верувајте дека ако и овој пат повторно бидеме изиграни, на крај приказната ќе биде сите кои што создале некое име во државава ќе преминеме во приватното здравство, сите имаме понуди, секој момент може да прејдеме а младиве колеги ќе ја напуштат државава“, вели Нико Беќаровски.

Покрај зголемување на платите се бара и обединување на сите клиники во еден правен субјект со што како што велат, ќе се заштедат огромни суми пари од плаќање на организационите директори и непотребните управни одбори и тоа од над милион евра. Од синдикатот се бара и регулирање на специјализациите како и статусот на сите вработените со договор на дело подолг од 6 месеци.