Лекарите ги бараат нивните плати пред ФЗОМ – директорите не прифатија средба, ниту сакаа да дадат изјави

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вода и данок кој ќе плати?

Овие транспаренти лекарите од независниот медицински синдикат ги залепија во објектот на ФЗО. На овој начин тие го покажаа нивното незадоволство и револт за доцнењето на платите на здравствените работници како резултат на не функционирањето на системот на фондот.

Откако дадоа изјава лекарите, се обратија кон зградата на ФЗО за да се сретнат со директорката Магдалена Филиповска Грашкоска. Таму ги пречека обезбедувањето и им рече дека не можат да влезат внатре без да се најават.

Како лекарите и новинарите чекаа неколку часа да земаат изјава од директорката на ФЗО, во врска со проблемот во системот, за да ги информираат граѓаните кога овој проблем ќе биде решен, но безуспешно.

Тв21 и вчера и денеска побара изјава од оваа институција, но единствен одговор кој го добивме е преку соопштение, каде не се прецизира кога точно ќе се надмине проблемот. Денеска службите на ФЗОМ ни рекоа дека ниту еден директор на институцијата, ниту Фатон Ахмети ниту Филиповска – Грашкоска, немаат време за изјава.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека сајбер нападот во Фондот за здравствено осигурување е хибриден напад од трета страна. Додаде дека властите се обидуваат што поскоро системот да биде вратен во функција.

Веќе 11 дена е хакиран системот на ФЗОМ, нешто што предизвика разни проблеми кај пациентите, трудниците и проблеми со платите на здравствените работници.