Лево-десно прелети пред избори, коалицијата на СДСМ преполовена, ВМРО-ДПМНЕ ги прибира нивните партнери

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се преполови ли коалицијата предводена од СДСМ? Дел од партиите како што се Достоинство на Стојанче Ангелов, Обединети за Македонија на Љубе Бошковски а, уште претходно коалицијата ја напушти и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов. Неофицијално преговори со ВМРО-ДПМНЕ водат уште неколку партии водат разговори за нивно. Со ова ВМРО-ДПМНЕ ја засилува својата позиција на политичката сцена токму пред изборите. Потпретседателот на партијата Александар Николоски го потврди преминувањето на дел од партиите и рече дека разговорите се уште се водат, како и тоа дека има и партии од власта кои биле одбиени.

„Нашата идеја е да го прошириме ова што сега е како коалиција За обнова на Македонија во една поширока коалиција која што ќе може на следните избори да освои најмногу пратеници и да ја предводи следната Влада. Соработката со сите е на исти начин принципиелна како што била и досега, така што секој кој што сака да се приклучи а ја поддржува програмата на ВМРО-ДПМНЕ е добредојден. Има и политички партии од актуелната власт кои што посакаа да разговараат со нас, но ние мислевме дека не треба да разговараат со нас, од причина што мислиме дека не делиме исти ставови.“, вели Николоски.

Љубе Бошковски деновиве објаснувајќи го преминувањето од десно кон лево, рече дека неговата партија Обединети за Македонија отсекогаш припаѓала на левата опција и дека неговата одлука за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ е чисто од идеолошка причина. Напуштањето на СДСМ, пак, според првиот човек на Достоинство Стојанче Ангелов се случува откако со ВМРО-ДПМНЕ било договорено нивното барање за обесштетување на воените инвалиди. Тој денеска и официјално го потврди трансферот во ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние јавно го кажавме, ние јавно објавивме дека излегуваме од коалицијата со СДСМ, тоа е неспорно и влегуваме во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. За истото ги известив и врвот на СДСМ и тоа, ќе повторам, благовремено“, рече Ангелов.

И покрај напуштањето на дел од коалициските партии претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вчера рече дека партијата има најголем коалициски капацитет и дека таму се останати стожерни партнери и кои не се деривати на одредени политички партии и кои имаат вистински заложби во заедничката програма. И додека едните заминуваат други се приклучуваат. Денеска во просториите на СДСМ Ковачевски потпиша меморандум за соработка со претседателот на движењето Нова Република Ивон Величковски. Ова секако ќе биде и камбек на Величковски кој долго време апстинираше од политиката, а претходно беше член а потоа и претседател на Либерална партија.