Лионел Меси ќе го прекине молкот, за утре закажа прес-конференција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако Барселона пред два дена објави дека Лионел Меси нема да продолжи во таборот на „Каталонците“, и по шпекулациите дека Аргентинецот е пред потпис со тимот на ПСЖ, Меси ќе го прекине молкот и утре ќе изнесе детали.

Меси за утре закажа прес-конференција, и тоа на „Камп-Ноу“ во Барселона, на која ќе образложи се што се случува.

Наводно Барса се решила да не продолжи поради големите барања на Аргентинецот, па така „не сакале тимот да отиде во банкрот“.

Лионел Меси е во Барселона од младите категории, преку кои стигна до сениорите и веќе 21 година е дел од „Каталонците“. Но, веројатно ќе дојде и крајот, доколку утре не се случи некаков пресврт.

Инаку навивачи на Барселона во последните денови се собираат пред стадионот „Камп Ноу“ и бараат клубот да се премисли и да ги исполни бараањата на Меси, за да остане дел од „каталонците“.