Лицата со посебни потреби: Дали имате совест? – во јавниот транспорт не функционираат помошните рампи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Абаз и Ертан често излегуваат заедно на кафе.

Двајцата пријатели имаат електрични инвалидски колички, но сепак по патот се соочуваат со многу пречки. Лошо паркирани автомобили и неуредени улици им го отежнуваат движењето.

За да стигнат најбрзо до посакуваното место, одлучија да патуваат со јавен превоз.

АБАЗ БЕРИША: ДАЛИ РАБОТИ РАМПАТА?

Возачот: Ќе влезете внатре?

Абаз Бериша: Дали работи рампата?

Возачот: Не работи господине.

Иако новите автобуси имаат помошна механизација за количките и посебно место за лицата со посебни потреби, тие не работат.

Со помош на возачот, двајцата пријатели влегоа во автобус.

Но, за да слезат, им помогнаа патниците,  иако инвалидските колички се многу тешки.

„Поради тоа што имаме пречки, како што видовте и вие, најчесто самите патуваме со количките, бидејќи не работат. Не е можно на ниту еден автобус да не му работи рампата. Може да се случи на еден, ова не е прв пат и неколку пати сме упатиле апел да се преземат мерки“, посочи Абаз Бериша.

Претседателот на Здружението СОС, Еркан Шакири има една порака. Тој вели дека не им е лесно да побараат помош преку телевизии и јавните претпријатија никако да се освестат за да нудат подобри услови за лицата со посебни потреби.

„Не е во ред ние секој пат да излеземе, како лица со посебни потреби, и да зборуваме на телевизија. Зарем немаат ниту малку совест, хумано срце. Да бидеме со хумано срце, да изградиме силно општество и да направиме се заедно“, додаде Ертан Шакири.

Од ЈСП велат дека се преземат мерки за уредување на автобусот.

„Проблемот со споменатиот автобус е евидентирана, но тоа не е причина автобусот да не биде пуштен во сообраќај. Во меѓувреме, започнати се постапките за надминување на проблемот за споменатиот автобус. Според последниот извештај на редовната техничка контрола во гаражата на ЈСП Скопје, констатирано е дека на 90% од автобусите им работи системот на електронски рампи“, велат од ЈСП.

Лицата со посебни потреби бараат да им се овозможи слободно движење по градот.