Груби: „Лош хумор на Спасовски“ – СДСМ и ДУИ со разјаснување околу настанот во МВР

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Невкусниот хумор на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, предизвика различни толкувања во јавноста по изјавата дека неговиот заменик Назим Буши не може да зборува бидејќи е казнет поради неносење маска. За да разјасни дека немал никаква лоша намера, Спасовски стапил во контакт со првиот вицепремиер Артан Груби.

Груби: Познавајќи го неговиот хумор, кој нема посебна смисла…
ТВ21: Немојте да ми кажете дека ова е хумор, ве молам…
Груби: Да, не беше многу посебен… Беше разјаснето уште тој ден во телефонски разговори со сите нас, бидејќи ова прашање крена доста голема врева…
ТВ21: Од кого?
Груби: Од мене, поради известувањата…
ТВ21: Значи не бевте задоволни?
Груби: Апсолутно не…

И министерот Спасовски, синоќа во емисија разјасни дека немал лоша намера и дека медиумите му дале сосема поинаков правец на настанот.

Случајно или не, не помина ниту еден ден од овој настан, а Спасовски и Буши заедно во кабинетот на првиот вицепремиер, Артан Груби. Официјално беше објавено дека разговарале за распределба на административците вработени во рамките на програмата К5, но меѓу другото се пишуваше и дека министерот и заменик-министерот „изразиле подготвеност за соработка и заеднички успех“, што се чини дека е изговор за настанот од претходниот ден.