На 30.05.2024 во 17.40 часот во СВР Скопје, К.К.(52) од Скопје пријавил дека околу 16.40 часот во неговиот продажен објект на подрачје на Карпош, едно лице со закана со пиштол и нож од касата одзело пари и при обид да избега, паднало и се повредило, а тој успеал да го совлада и да повика полиција. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за И.С.(37) од Скопје и од него биле одземени пиштолот и ножот.
Лицето било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ФОТО: Архива
