ЛШ: Ливерпул со пресврт го совлада Милан, Реал подобар од Интер, девет гола во Манчестер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска се комплетираше првото коло во фазата по групи во Лигата на шампионите со неколку интересни резултати.

На „Енфилд“ европската класика меѓу Ливерпул и Милан, ја добија домашните. Во меч со дури три пресврти, на крајот славје на Милан со 3:2. Ливерпул поведе, а Милан го сврте резултатот 1:2 на полувремето. Во вториот дел два гола на Ливерпул за пресврт и 3:2.

Реал Мадрид со гол на Родриго на една минута пред крајот на мечот, го совлада Интер во Милано.

Бешикташ на домашен терен беше поразен од Борусија Дортмунд со 1:2, а Шериф Тираспол го изненади Шахтјор и го совлада со 2:0, во дебито во групната фаза од Лигата на шампионите.

Атлетико Мадрид и Порто одиграа без голови, а дури девет гола имаше во Манчестер, каде Сити со 6:3 го совлада тимот на Лајпциг. Ајакс со 1:5 го победи Спортинг на гости, а четири гола даде гостинскиот напаѓач Але.