ЛШ: Манчестер Јунајтед „шокиран“ од Јанг Бојс, Баерн Минхен триумфално во Барселона, европскиот првак „на мускули“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Стартуваа возбудувањата во Лигата на шампионите, а веќе во првото коло имаше неколку интересни резултати.

Пред се најголемото изненадување е победата на Јанг Бојс во дуелот со Манчестер Јунајтед. Иако Јунајтед водеше со 1:0 со голот на Роналдо, сепак, Јунајтед остана со играч помалку по црвениот картон на Ван Бисака, а тоа му помогна на Јанг Бојс најпрво да дојде до израмнување, а потоа и до пресврт за победа.

Севиља и Салцбург одиграа нерешено 1:1 во меч во кој само во првото полувреме беа досудени четири пенали, од кои два беа реализирани (по еден на двете страни), додека Салцбург не реализираше два. На крајот црвен картон за Севиља, но австријците не искористија.

Баерн Минхен во дербито со Барселона немаше проблеми и победи со 0:3. Милер и два гола на Левандовски за лесен триумф на „Баварците“, а Барса покажува дека ќе има огромни проблеми се зонава по заминувањето на Меси и уште неколку играчи како Гризман, Пјаниќ…

Јувентус се „прошета“ низ Малме и триумфираше со 0:3, додека европскиот првак Челзи имаше мака со Зенит на домашен терен, на крајот триумфираше со 1:0 со голот на Лукаку.

Немаше голови на натпреварите Динамо Киев – Бенфика и Лил – Волфсбург, додека Виљареал и Аталанта одиграа возбудлив меч кој заврши 2:2.