Искршени врати и прозорци. Во ваква состојба веќе со години е амбулантата во скопски Љуботен. Имаат објект но истиот не е во функција. Околу 10 години, 3.500 жители се без матичен лекар.
-Се наоѓаме кај амбулантата во Љуботен чија врата со години е затворена, како што гледате објектот е уништен од внатре, а жителите од ова село за лекарски преглед мораат да одат до другите населби-вели репортерката на ТВ21.
Жителите на Љуботен за ТВ21 велат дека за лекарски преглед патуваат до најблиската амбуланта која се наоѓа во Чаир.
-Колку време не работи амбулантата во Љуботен?
-Речиси 10 години не работи а можеби и повеќе.
-Зошто?
-По војната, 20 години. Немаме амбуланта, стара е и не е во функција, не е реновирана.
-Каде одите за лекарски преглед?
-Во град. Секако дека е тешко бидејќи и ма стари лица, болни, има некои немаат со што да ги однесат.
-Амбулантата не работи 10 години, цели 7-8 години.
-Каде одите за контрола?
-Одиме во град, во Чаир најмногу одиме. Овде треба да има амбуланта, треба да има стоматолог, лабораторија, се што ни треба, само за инјекција одат долу, сите ги земаат од таму. Би требало тука да има се, но сега нема.
-Има 8-10 години како не работи, клиентите избегаа.
-Каде се лекувате вие?
-Одиме на Бит Пазар, Државна болница, Градска, бидејќи и за една рецепта треба да одиш во град, а кога ќе одам до град, се ќе завршам таму.
Од Министерството за здравство не добивме одговор во врска со ова прашање.
