Љубовна порака во Мостар е хит: „Хана, ти си слатка како мед, но…“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мостар во Босна и Херцеговина е познат по своите графити и интересни пораки кои често се појавуваат на мостови, згради и други објекти, а една од овие неодамна ни го привлече вниманието.

Некој оставил необична љубовна порака во Новиот трговски центар на Рондо.

Пораката е упатена до една Хана, која, судејќи по текстот, има студено срце.

„Хана, ти си слатка како мед. Зошто имаш срце студено како лед“, гласи пораката испишана со црвени букви на големо бело платно.