„Луј Витон“ направи чанти со албанското знаме, се огласи и Рама

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еден од најпопуларните луксузни брендови „Луј Витон” пуштил во продажба чанти на кои стои албанското национално знаме.

Информацијата на Фејсбук ја сподели албанскиот премиер Еди Рама, а потоа ја пренесоа и сите медиуми во државата.

– Нова чанта на „Луј Витон” со најубавото знаме во светот, напиша Рама.

Чантата која има типичен дизајн на „Луј Витон”, со албанското знаме чини 9.900 долари.