Лукаревска: 306 фирми земале помош од државата за декември, а не исплатиле плати на 992 вработени, следуваат опомени и присилни наплати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорката на УЈП Сања Лукаревска на денешната прес-конференција ги истакна бројките за земањето на финансиска помош од државата за декември минатата година.

Во исто време, Лукаревска истакна дека 306 компании не исплатиле плати за вработените, иако ја земале државната помош.

„За декември 2020 г. финансиска помош од државата во износ од 961.709.366 денари земале 13.160 работодавачи, за исплата на плати за вкупно 60,974 вработени. Од нив 306 не исплатиле плати за 992 вработени во износ од 16.305.020 денари.

За овие работодавачи доставени се опомени за неисплатената плата, и по истекот на рокот, ако сеуште не ја исплатиле платата ќе следи спроведување на постапка на присилна наплата на платата, со блокада на паричните средства на нивните трансакциски сметки и пренос на средствата на сметките на вработените лица и на уплатните сметки за јавни приходи.

Овие работодавачи се од дејностите: 78 работодавачи од дејноста Трговија на мало, кои примиле финансиска помош од 2.219.584 денари и на 145 вработени не исплатиле плата,44 фирми што вршат подготовка на оброци и служење на храна примиле помош од 2.239.825 денари и на 130 вработени не исплатиле плата,26 фирми од дејноста градежништво, примиле помош од 944.106 денари и на 57 вработени не исплатиле плата.

По региони најмногу фирми што не исплатиле плата се од Скопје 92 фирми, Тетово 63 и Гостивар 16“, рече Лукаревска.