Една мачка успеа да создаде музика за сцена од хорор филм. Таа седна на клавијатурата покрај прозорецот за да може да ги гледа птиците на дрвото пред куќата најдобро што може и случајно испушти застрашувачки звук.
“Мојата мачка гледа во птиците и си игра, а звукот неверојатно потсетува на неизвесноста од филмот на Алфред Хичкок. Ова е веројатно најдоброто нешто што го имам видено оваа година”, напишал лицето кое ги споделило снимките на својот Твитер профил.
Луѓето се согласија дека сцената е смешна и ја погледнале снимката скоро 250.000 пати. Погледнете и сами.
