Ако некој ве фати во непријатна ситуација, постојат два излеза. Може да објасните што сте направиле и зошто, или да се правите дека ништо не се случило.
Овој втор трик го искористи мачка која луѓето ја фатија ѕиркајќи низ стаклото на прозорецот и гледајќи што се случува во нивната куќа. Таа е снимена со мобилен телефон и мачката стана вирална. Кога сфати дека е фатена, мачката се опушти и полека почна да се спушта како да не направила ништо, сè додека не исчезна од очите на луѓето.
„Фатената мачка целосно ноншалантно се извлече“, напишал корисник на „Редит“ кој го објавил ова смешно видео.