„Магична средба“ во Кичево – снимен балканскиот рис меѓу боите на есента

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Балкански рис е забележан меѓу есенските бои од здружението „Еко Фазан“. На видеото, меѓу златно-жолтите лисја, се гледа оваа ендемична животинска врста, а местото каде што е снимено не е откриено.

Фотографијата ја направил Луфти Османи, член на здружението.

„Присуството на овој редок предатор сведочи за природното богатство и дисциплината на нашето здружение“, стои во објавата на здружението на Фејсбук. Балканскиот рис е загрозено ендемично животно од југоисточниот Балкан.

Главните негови живеалишта се Националниот парк „Маврово“ и неговата околина во Македонија, но и во Албанија и Косово, а постои можност да биде присутен и во Црна Гора и Грција.

Се проценува дека популацијата брои помалку од 50 возрасни единки, со распространетост од околу 6.200 км².