Маја Сивагнанам ќе биде новата британска амбасадорка во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новата амбасадорка на Велика Британија во Македонија ќе биде Маја Сивагнанам.

Како што објави Британската амбасада на својата Фејсбук страница, таа ќе ја преземе функцијата во август оваа година, заменувајќи го досегашниот амбасадор Метју Лосон, кој е на оваа функција од 2022 година.

Според нејзината биографија, Маја Сивагнанам има 25 години искуство како професионален дипломат, а во текот на својата кариера извршувала неколку позиции, вклучително и служба во Британската амбасада во Анкара, Турција.