Републиканецот Мајк Џонсон повторно беше избран за спикер на Претставничкиот дом на САД. Тој ја доби оваа функција со минимална разлика во гласовите, што укажува на раздор меѓу републиканците на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, пренесува Ројтерс.Џонсон беше реизбран со 218 гласови, што е минималниот број потребен за оваа функција. Републиканците го контролираат Претставничкиот дом со тесно мнозинство од 219 членови, наспроти 215 претставници на Демократите.По изборот, Џонсон вети дека ќе ги продолжи даночните олеснувања што ги воведе Трамп во 2017 година, а кои треба да истечат оваа година.Меѓу другите големи предизвици на Конгресот на САД е и решавањето на долгот на нацијата од повеќе од 36 трилиони долари. Трамп му честиташе на Џонсон по гласањето. Тоа го направи и спикерот на македонското собрание Гаши кој се надева дека Неговото докажано лидерство ќе биде важно не само за американската демократија, туку и за продлабочување на соработката меѓу Собранието на Македонија и Претставничкиот дом на САД.
