Македонија бележи најголем број на починати во еден ден од почетокот на пандемијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска Македонија бележи најголем број на починати лица од Ковид-19 во еден ден од почетокот на пандемијата. Седум лица починаа во последните 24 часа, и тоа шест во болницата „8-ми Септември“, и еден на инфективната клиника.

Досегашниот највисок број на починати беше шест лица, бројка која ја имавме на два пати. Првиот пат на 14. април, и вториот пат две недели подоцна на 27. април.

Со денешните седум пациенти, бројката на починати во Македонија се искачи на 140 лица.

Расте и бројката на активни случаи, и сега изнесува 606.

Во последните денови во Македонија се бележи драстично зголемување на заболени лица. Во изминатите 24 часа беа регистрирани 89 нови случаи.