Македонија ќе отвори конзулат во Цирих – нашите печалбари во Швајцарија нема да патуваат до Берн за документи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи најави дека Северна Македонија за првпат ќе отвори Конзулат во Цирих, Швајцарија.

Според Осман, десетици илјади наши луѓе од дијаспората, кои сега се принудени да патуваат километри до Берн, сега ќе имаат своја конзуларна единица за да ги потребните услуги.

Воедно министерот порача дека ќе се градат нови згради за амбасади во Атина и Анкара, а ќе се реконструираат и други постојни конзулати.

„Важно е дека за првпат ќе отвораме конзулат во Цирих, а десетици илјади наши луѓе од дијаспората, кои сега се принудени да патуваат километри до Берн, сега ќе имаат своја конзуларна единица каде ќе ги добијат потребните услуги“, истакна Бујар Османи.