Македонија купи 200.000 кинески вакцини – договорот потпишан, деталите остануваат тајна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство потпиша договор за набавка на 200 илјади антиковид вакцини од кинеската компанија „Синофарм“.

Антиковид вакцините се очекува да пристигнат на скопскиот аеродром во текот на овој месец. Кинеската вакцина има ефикасност од 60 до 90%.

Со овие вакцини ќе почне имунизацијата на населението, а  ќе бидат опфатени 100 илјади граѓани. На дневно ниво ќе се вакцинираат 2000-2500 граѓани. Точниот датум кога ќе пристигнат не се знае, а и самите детали од договорот остануваа тајна на барање на компанијата.

Граѓаните термин за вакцинација можат да закажат од ова недела преку системот „Мој термин“.

Во првата фаза, ќе бидат вакцинирани здравствените работници и лицата над 70 години. Лицата кои ќе се вакцинираат ќе добијат сертификат а тоа ќе им биде прикажено и на електронскиот здравствен систем дека се вакцинирани против корона, извести министерот Венко Филипче. Оптималната температура за кинеските вакцини е од 2 до 8 степени Целзиусови, а според Филипче, создадени се потребните капацитети и систем за нивно транспортирање и дистрибуција.