Македонија меѓу првите 10 држави во кои завршуваат швајцарските половни возила!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Извозот на половни возила од Швајцарија е милионски бизнис, а автомобилите регистрирани во таа земја се купуваат низ целиот свет, а во 2023 година пропорционално најголемиот број од нив завршиле во Србија, покажува истражувањето на швајцарското радио- телевизија SRF.

Минатата година од Швајцарија биле извезени околу 136.000 автомобили со вкупна вредност од 642 милиони швајцарски франци. Возилата биле извезени во дури 147 земји.

Прва на листата е Србија во која се извезени дури 25.440 половни возила од Швајцарија. Следат Полска со 17.334, Бугарија со 12.146 и Франција со 11.271 увезени половни автомобили.

Меѓу првите десет земји на чии патишта завршуваат швајцарските половни автомобили се Украина, Либија, Босна и Херцеговина, Германија, Албанија, Северна Македонија и Грција.

Колку за споредба, Швајцарците во 2013 година продале 125.000 автомобили во странство за вкупно нешто помалку од 330 милиони франци.

SRF пишува дека сите други обиди да стапат во контакт со продавач на половни автомобили биле неуспешни, бидејќи тие обично само оставаат визит-картичка под шофершајбната на автомобилот со порака за купување и телефонски број.

Швајцарската царина соопшти дека ваквиот извоз со правилна документација е целосно легален. Многу често се купува во готово, па надлежните служби будно ги следат овие трансакции поради сомневање дека може да се работи за перење пари или организиран криминал.

На крајот, новинарите на СРФ успеаја да стапат во контакт со трговец во Србија, кој сакаше да остане анонимен.

Тој рече дека швајцарските половни автомобили се особено популарни бидејќи речиси и не имаат сериозна километража.

„Од Германија тешко увезуваме, бидејќи нивните веќе поминале премногу километри“, вели тој препродавач.

Но, според него, бизнисот во последно време станува се помалку профитабилен, бидејќи на клиентите повеќе не им требаат визи, па заминуваат во странство да купат автомобил.

Автомеханичарските работилници и швајцарските дилери на половни возила соработуваат со дилерите, кои продаваат половни автомобили на странски дилери кога веќе не ги исполнуваат швајцарските сообраќајни стандарди или поправката не вреди.

„Секогаш работиме со исти продавачи. Потоа добиваме понуди за цената во некоја земја или продавачите сами си го средуваат тоа“, вели сопственикот на продавница за половни возила во источна Швајцарија, додавајќи дека обично не знае каде ќе заврши автомобилот.

Според него, автомобилите кои би биле отфрлени во Швајцарија уште долго време се возат на други места.