Само една победа недостасува за фудбалската репрезентација на Македонија да се најде на Европското првенство 2021 година. Бараж натпреварот со Грузија на 12. ноември во Тбилиси ќе биде одлучувачки дали македонскиот национален тим за првпат ќе заигра на Европско првенство, што би било најголем успех во историјата. Македонија на патот до баражот стигна по победата над Косово од 2:1 во меч одигран во Скопје.
ТВ21 разговараше со селекторот Игор Ангеловски кој ги истакна очекувањата од тој историски натпревар.
„Може да очекувате една Македонија која ќе го остави срцето на терен, која ќе го извади последниот атом од своите сили, се со цел Македонија после 30 години да биде на Европско првенство… Знаеме дека 30 години го чекаме тој натпревар. Успеавме да дојдеме до тој бараж и нормално од една страна максимално мотивирани, а од друга страна мораме да бидеме максимално сконцентрирани на тој натпревар, за да го решиме во наша корист. Секогаш во вакви натпревари одлучувале нијанси, а се надевам дека тие нијанси ќе преовладаат на наша страна“, рече Ангеловски.
Целото интервју низ следното видео:
