„Македонија повторно твоја“ – ВМРО-ДПМНЕ кампањата ја почна вечерва од Охрид

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ својата предизборна кампања ја почнува традиционално од Охрид, каде централен митинг одржува во 20 часот. Претседателот на партијата и носител на првата изборна единица Христијан Мицкоски кој уште претпладнево беше е во Охрид имаше средба со градоначалникот од нивните редови Кирил Пецаков. ВМРО-ДПМНЕ на овие избори настапуваат под слоганот „Македонија повторно твоја“

„Сакаме да водиме кампања во која што на граѓаните ќе им ја вратиме надежта. Цениме дека надежта недостасува, чувството дека малкумина се граѓани од прв ред, тука пред се мислам на неколкумина од Демократската унија за интеграција и малкумина измеќари во раководството на СДСМ, сите останати граѓани имаат чувство дека се граѓани од втор ред во Македонија изминативе 6 и пол години. Тоа мора да престане но мора истовремено после 8 мај да има одговорност за се она што се случи изминативе 6 и пол – 7 години.“, рече Мицкоски.

Носителите на втората изборна единица Владо Мисајловски пак од скопската општина Ѓорче Петров порача дека ќе водат позитивна кампања но не пропуштија да ја критикуваат досегашната власт.

„Јас како носител во ИЕ 2 од секогаш кажувам дека на народот му треба надеж, му требаат промени, но му треба и позитива  да види дека сме различни. Доста беа црнила, доста беа црни сценарија во последниве седум години. Видовме дека овие што се на власт ниту работат, ниту мислат добро за Македонија. Затоа ние во нашата програма предвидуваме многу проекти. Но, за да направиме историска победа ни треба поддршка од целиот македонски народ!“, изјави Мисајловски.

На вечерашниот митинг во Охрид со кој ВМРО-ДПМНЕ ја почнува кампањата за парламентарните избори ќе бидат претставени сите носители на изборните листи.