Македонија против Казахстан вечерва на „Тодор Проески“ Милевски и Димитриевски: Победата не држи во игра за Светското

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На стадионот „Тодор Проески“ во Скопје, вечерва во 20:45, македонската фудбалска репрезентација ќе биде домаќин на Казахстан.
Овој натпревар е претпоследен за двете репрезентации во рамките на квалификациите за Светското првенство 2026.

За „црвено-жолтите“, натпреварот има големо значење, бидејќи со победа ќе ги задржат шансите за пласман на Светското.

„Секој натпревар е важен. Овој што следи е најважниот, против Казахстан. Се согласувам дека ќе биде тежок. Казахстан покажа и на првиот натпревар со нас дека е квалитетен тим. Има нов селектор, нова филозофија – барем според играта што ја видовме против Лихтенштајн. Ќе биде тешко да се анализира и подготви, но мислам дека сме подготвени да одговориме на секој предизвик што не очекува“, изјави Милевски.

Голманот Столе Димитриевски очекува голема поддршка од трибините и уверува дека тимот размислува само за победа.

Многу важен натпревар. Очекуваме голем број навивачи на стадионот за да имаме доволно поддршка за победа. Нашата цел е да излеземе и да победиме. Ништо повеќе.“, рече Димитриевски.

Во Групата Ј, македонската репрезентација е лидер со 12 бодови, Белгија има 11 и еден натпревар помалку, Велс е трет со 10 и исто така еден натпревар помалку, Казахстан има шест, додека Лихтенштајн е без бодови.