Македонија се поблиску до старт на преговорите – преговарачката рамка стокмена, но без бугарските барања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Само успешни резултати од спроведувањето на договорите, без бугарските барања, се содржани во последната верзија на преговарачката рамка.

„Процесот на стабилизација и асоцијација, останува заедничка рамка за односите со Западен Балкан до нивното пристапување, а особено со заложба на Севера Македонија за добрососедски односи и поблиска регионална соработка. Тука е и важноста од постигнување опипливи резултати и спроведување на билатералните договори со добра волја, вклучително Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија.“

Ова најверојатно значи паѓаат во вода стравувањата дека Бугарија ќе го закочи предвидениот старт на преговорите, односно одржувањето на првата меѓувладина конференција до крајот на годината.

Јазикот останува македонски, а добрососедските односи ќе останат на својата суштина за проширувањето на ЕУ. Документот ќе се најде в петок пред постојаните претставници на ЕУ во Брисел.

„Северна Македонија треба да обезбеди превод на акијата (законодавството) на македонски во соодветно време пред пристапувањето и ќе треба да обучи доволен број преведувачи и толкувачи потребни за соодветно функционирање на институциите на ЕУ по нејзиното пристапување“.

За преговарачката рамка требаше да се разговара во средата, но состанокот беше одложен за утре. Изминатиот период комуникацијата со посредство на Германија, која претседава со ЕУ, беше интензивна.

Петок е последниот ден кога треба да се приближат ставовите на амбасадорско ниво, за министрите следниот вторник на 10ти ноември формално да ја усвојат политичката одлука за старт на преговори на Македонија со ЕУ.

Консензус за преговарачката рамка мора да има до 10 ноември или на Советот за општи работи во Брисел, може да се стави вето врз македонските преговори.