Над 900 случаи на мајмунски сипаници се регистрирани во цела Европа. ТВ21 ги праша граѓаните дали би се вакцинирале за да се заштитат од оваа болест? Повеќето од нив беа против, а имаше и такви кои рекоа дека би се имунизирале против вирусот.
Анкета ГРАЃАНИН:
-Дали би се вакцинирал против оваа болест?
-Да, секако дека би се вакцинирал.
-Дали сте „за“ вакцинација?
-Да.
-А дали примивте вакцина против Ковид?
-Да, ги примив трите дози.
Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ рече дека во нашата земја сѐ уште нема ниту еден сомнителен случај на мајмунски сипаници, но додава дека треба да бидеме внимателни и да не оставаме ништо на случајност.
„Пред околу четири недели КЗБ му предложи на Министерството за здравство да обезбеди тестови за откривање на мајмунски сипаници и вакцини за заштита од ова заболување. Иако заразените и контактите треба да се вакцинираат во првите четири дена од заразувањето, од МЗ ни рекоа дека сѐ уште немаме на располагање вакцини“, вели Злате Мехмедовиќ портпарол на КЗБ.
-Во постојана комуникација сме со Светската здравствена организација околу препораките за вакцини и ПЦР тестови, со цел нивно навремено обезбедување при евентуална појава на ова заболување кај нас, велат од Министерство за здравство.
На состанокот на министрите за здравство во вторник, од Европската комисија рекоа дека е време за вакцинација и дека тоа ќе се направи заеднички. Постигнат е договор за набавка на околу 110 илјади вакцини, кои ќе им бидат поделени на земјите-членки, а првите испораки ќе пристигнат до крајот на јуни. Вакцините ќе им бидат на располагање на владите кои сакаат да ги вакцинираат најризичните категории или веќе заразените лица, изјави еврокомесарката за здравство, Стела Киријакидес.
