Северна Македонија сѐ уште не е подготвена за целосно укинување на анти-ковид мерките, изјави министерот за здравство, Беким Сали. Вели дека земјите кои ги укинале мерките за заштита од Ковид-19 како што се Германија, Велика Британија и Данска сега се соочуваат со голем број новозаразени.
Сепак, состојбата во болниците во земјава е добра, уверува ресорниот министер, истакнувајќи дека некои ковид-центри се веќе затворени и дека нема потреба од дополнителни легла.
Согласно податоците на Министерството за здравство, во изминатото деноноќие битката со Ковид-19 ја загубиле 8 пациенти. Регистрирани се 277 нови случаи од вкупно 2.635 тестирања, а оздравени се 132 пациенти.
