„Македонија во Европа во 2030“ – се воведува нова преговарачка рамка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ ќе биде главен преговарач со ЕУ, а главната цел на Владата е до 2030 земјава да стане полноправна членка на европското семејство. Вала изјави премиерот Димитар Ковачевски за време на објавувањето на новата преговарачка структура за преговорите за членство во ЕУ.

Премиерот Ковачевски рече дека се чувствува горд што дошло време да се разговара за техничките елементи во врска со преговорите со ЕУ, а преговарачот со ЕУ, Бојан Маричиќ очекува преговорите да се одвиваат со забрзана динамика.

Ковачевски верува дека институциите имаат капацитет за преговори со ЕУ и очекува да има квалитетна и ефикасна структура која ќе се соочи со предизвиците. Тој ја покани опозицијата да го поддржи овој процес и да се вклучи на активен начин во него.