Македонија втора најевтина репрезенатција на ЕУРО 2020

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонската репрезентација е втора најевтина селекција на ЕУРО 2020. Селекцијата на нашиот национален тим вреди 61,8 милиони евра според „Трансфермаркт“, додека под Македонија е само Финска со 44,6 милиони.

Според податоците на „Трансфермаркт“, Англија вреди 1,27 милијарди евра, додека Франција „тежи“ 1.03 милијарди, Германија е со вредност од 936 милиони, додека Шпанија 915 милиони.

Најскап играч на турнирот ќе биде Килијан Мбапе од Франција со 160 милиони, а следуваат Кејн од Англија со 120, неговиот сонародник Санчо со 100 милиони, и Лукаку и Де Брујне од Белгија исто така со по 100 милиони.