Македонската економија на маса со најголемите светски производители во воената индустрија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во периодот од 21 до 25 февруари, се одржува саем на одбранбена технологија како и Меѓународна конференција за одбрана во Абу Даби. 

На овој настан Република Северна Македонија ја претставува компанијата АТС ГРОУП со свој штанд на кој се изложени балистичките производи (Балистичкит Елеци, Балистички Шлемови, Балистички Плочи и Носачи на Плочи).

Изложбениот простор на АТС ГРОУП беше посетен од страна на Државниот Министер за одбранбени прашања земјата домаќин, Обединети Арапски Емирати, Неговата Екселенција Мохаммед Бин Ахмад Ал Баварди.

МНР на Северна Македонија, Бујар Османи исто така го посети нашиот изложбен простор придружуван од Амбасадорот Абдулкадар Мемеди.

На овој саем свое учество имаат преку 900 изложувачи од 59 земји во 35 павилјони, како и преку 2000 лидери или високи претставници на повеќе од 80 земји во светот се присутни претставувајќи го глобалниот одбранбен сектор, дефинирајќи го овој престижен Саем како уникатен глобален настан.